Лоша вест за викендот - еве какво ќе биде времето

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

Температурата ќе се движи од 23 до 34 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 32 степени.

Во недела и понеделник ќе биде претежно сончево и многу топло.

Од вторник повторно се очекува дестабилизација со поројни врнежи од дожд и грмежи. 

18.07.2014 - 16:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега