Обдукцијата покажа: Старецот од Велес бил убиен

Велешанецот Јован Ц. во четвртокот попладне бил пронајден мртов во школскиот двор на велешката гимназија.Според информациите на Вест, обдукцијата покажала дека несреќниот маж бил убиен со камен по главата.

Од обдукцијата која била извршена врз телото на починатиот, било утврдено дека Јован починал од насилна смрт. И лицата кои го пронашле сметаат дека тој е убиен, оти на неговата глава имало толку повреди најверојатно од камен.

Само големата крвава дамка и дупката од главата каде што лежел старецот се сведоци за убиството. - "Близу до главата на човекот имаше голем камен, кој во еден дел на крајот беше крвав. Главата на старецот беше многу повредена, како да била удирана со каменот. Не можеше да се препознае", вели сведок за Вест.

Оние кои го познаваат велат дека Јован бил добар човек кој немал непријатели.

18.07.2014 - 16:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа