Намален бројот на основци во Велес

Во Велес за 14 години бројот на ученици - основци e намален за 2.123. 

- Aко во учебната 1999/2000 во Велес имало 6.678 основци тој број во изминатата учебна година бил намален и изнесувал вкупно 4.555 ученици. Намалувањето е драстично изразено за овие 14 години,  вели Марија Настова, раководител за образование при Општина Велес.

Споредено со 1999/2000 и  2003/2004 година во Велес има намалување за 912 ученици основци, а споредено  со 2006/2007 година бројот е намален за дури 1627 ученици основци, информира Настовска.

Сепак, посочува, последните неколку години има мало зголемување на бројот на првачиња што се должи на владината мерка на трето и четврто дете. Веќе неколку учебни години оваа бројка не се намалува.

Во новата учебна 2014/2015  година од есен ќе има 550 првачиња што е за 20 првачиња повеќе споредено со лани, вели Настова. Во последниве неколку години бројот на првачиња во Велес е околу 550 деца.

18.07.2014 - 17:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега