Шиповиќ го поддржа дневниот ред - советниците од СДСМ ја напуштија седницата

Советниците од општина Центар го изгласаа дневниот ред со 12 гласови „за“ и 11 „против“.  За усвојување на Дневниот ред на седницата гласаше и претседавачот Мирослав Шиповиќ.

Шиповиќ претходно остана воздржан околу предлогот на градоначалникот Жерновски, да се повлечат точките 16 и 17 за ДУП-овите кај локалитетите Тасино Чешмиче и Капиштец- Водно, а гласаше „против“ повлекувањето на ДУП-от за Мал Ринг.

Од дневниот ред беа повлечени 14-та и 15-та точка, кои се однесуваат на ДУП-от на Мал Ринг и ДУП-от за Градска четврт Ј 21 во општина Центар.

По усвојувањето на Дневниот ред, на кој како последни точки останаа ДУП-овите за локалитетот Капиштец и Тасино Чешмиче, градоначалникот Андреј Жерновски ја напушти седницата, а веднаш по него истата ја напуштија и советниците од СДСМ.

Во неформален разговор Шиповиќ посочи дека не е против да се зголеми катноста на објектот кој ќе се гради на парцелата на Водно и дека смета дека тоа не би предизвикало штета на околните објекти, ниту, пак, дека хотелот би бил во опасност поради евентуално лизгање на земјиштето.

18.07.2014 - 19:24
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега