Се воведува нов модел на студирање на медицинските студии

На медицинските студии ќе се воведе нов модел на студирање спроведен по примерот на германскиот модел за едукација со што ќе се овозможи поквалитетни кадри кои по завршувањето на студиите веднаш ќе може да започнат со работа, информираше денеска министерот за здравство Никола Тодоров.

nikola-todorov-500

Од септември со почетокот на новата академска година ќе почне практичната имплементација на Законот за медицински студии и континуирано стручно усовршување на докторите по медицина.

Министерот истакна дека целта на овој модел е креирање на поквалитетен човечки потенцијал во здравството, преку унифицирање на постапките за стекнување образовни и професионални квалификации за вршење на професијата доктор на медицина.

-Меѓу главните новини е тоа што за прв пат ќе има поделба на студиите по медицина на претклинички (во првите две години) и клинички дел (во следните 4 години), практична тримесечна обука за болничко згрижување преку волонтерска работа, стекнување комуникациски вештини на студентите за соодветно однесување кон пациентите и колегите, задолжително познавање и изучување предмети по англиски јазик, формирање медицински симулациски центар каде ќе вежбаат студентите по медицина, литература што се користи на првите 100 универзитети на Шангајската листа, како и други значајни новини, посочи Тодоров.

Со воведувањето на новиот модел на студирање ќе дојде до изедначување на нивото на квалитет на Медицинскиот факултет во Скопје, Штип и Тетово, со што оттаму ќе излегуваат кадри со приближно исто ниво на знаење.

19.07.2014 - 11:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега