ФОТО: Мората пет години во Јувентус

Сега веќе поранешниот играч на Реал Мадрид, Алваро Мората од вчера е член на италијанскиот шампион Јувентус, потврди клубот од Торино.

„Старата дама“ на услугите на Мората ќе може да смета следните пет години. Реал Мадрид од трансферот инкасира 20 милиони евра.

Матичен клуб на Мората е Атлетико Мадрид (2005-2007), потоа една сезона играше за Хетафе, а во Реал дојде 2008 година како младинец. За првиот тим дебитира 2010 година. Оттогаш за „кралскиот клуб“ настапил на 52 натпревари и постигна 11 голови.

Мората е член и на У-21 шпанската репрезентација. 

20.07.2014 - 10:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега