Хејг: Очекувам Македонија и Србија да добијат датум за преговори со ЕУ

Вилијам Хејг, британскиот секретар за надворешни работи, синоќа во Загреб изјави дека се надева оти Европскиот совет на состанокот овој месец ќе им одреди на Србија и на Македонија датум за почеток на пристапните преговори.

- Одредувањето датум зависи од нивниот прогрес во исполнувањето на критериумите на ЕУ за членство. Се надевам дека Советот ќе се заложи за натамошно проширување, но тоа е одлука што мора да биде донесена едногласно, рече Хејг по средбата со хрватската министерка за надворешни работи и европски прашања Весна Пусиќ.

Велика Британија, како што нагласи Хејг, се залага за натамошно проширување на ЕУ со сите земји од Западен Балкан, но прогресот на секоја од нив ќе зависи од постигнувањата што ги имаат на тој пат.

Весна Пусиќ истакна дека Хрватска го дели ставот на Лондон дека Југоисточна Европа треба да стане дел од ЕУ.

најчитано сега