Ќе бидат поништени претседателските избори во Црна Гора?

Собранието на Црна Гора ќе расправа денеска за опозицискиот предлог закон со кој се предвидува прогласување за неважечки на изборите од 7 април за претседател и распишување нови избори.

Опозицијата предложи парламентот на државата да ги прогласи за неважечки претседателските избори на кои победи Филип Вујановиќ заради како што се наведува, кршење на Уставот и законите на Црна Гора и општоприфатените правила од меѓународното право.

 

Предложено е претседателот на црногорскиот парламент да распише нови избори за шеф на државата најдоцна до 31 август.

ДИК на Црна Гора соопшти дека Вујановиќ победи на изборите со 51,21 отсто гласови, додека независниот кандидат Миодраг Лекиќ освои 48,79 отсто гласови.