Крадците викендов направиле „парче"

Викендов крадците повторно биле активни. Во населбата Ѓорче Петров, засега непознат сторител со употреба на подесен алат извршил тешка кражба на железничката станица Ѓорче Петров, при што биле украдени осум квачила за меѓусебно поврзување на вагоните.

Така, крадецот се стекнал со 412.624 денари. 

Исто така, во скопската населба „Илинден“ на улицата „8“, непознат сторител со употреба на погоден алат извршил тешка кражба во куќата на 41-годишниот Б.С. од каде одземал разновиден златен накит и 5.000 евра.

Крадецот на овој начин преку ноќ се збогатил за 800.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

21.07.2014 - 11:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега