Уапсен најпознатиот балкански наркобос

Балканскиот наркобос Драгослав Космајац е уапсен во црногорското одморалиште Котор. Според српскиот премиер Александар Вучиќ тој е балканскиот бос на шверцот со дрога.

Космајац создал наркоканали во Бугарија, Македонија, Црна Гора и Турција за земјите од западна Европа. Одржувал врски со наркокартелите од Јужна Америка и со српската криминална банда “Земунски клан”.

Се очекува Космајац да биде екстрадиран во Србија.

 

22.07.2014 - 10:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа