И влегол дома, ја тепал и силувал - скопјанка преживеала хорор

Вистинска драма се одвивала во петокот во Скопје. Според податоците од полицијата, момче од Скопје ја силувало својата 40-годишна соседка.

Се работи за М.Л.од Скопје кој вечерта влегол во куќата на несреќната скопјанка преку отворениот прозорец од  кујната и откако видел дека таа не спие, физички ја нападнал, по што ја одвлекол во спалната соба каде грубо физички и психички ја малтретирал нанесувајќи и повреди на главата, по што ја силувал.

Жената успеала да се отргне од рацете на насилникот и избегала во тоалет, при што повикала полиција.

Манијакот наскоро бил фатен од страна на полициските Алфи.

22.07.2014 - 11:08
Фото: 
доктори.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега