Бегајќи од насилниот дечко се забила со автомобил во дрво - крвава драма среде Куманово

27 годишниот кумановчанец М.Т. си заработи кривична пријава, откако крвнички ја претепал својата поранешна девојка.

На 17 мај годинава, М.Т. со својот автомобил и го попречил патот на својата поранешна девојка К.Т(22) од село Оризаре. Насилникот се приближил до нејзиниот автомобил и ја нападнал преку отворениот прозорец. Исплашената девојка се обидела да избега, но, во паника, со својот автомобил се забила во дрво. За М.Т. ова не било доволно, па дошол до автомобилот на К.Т. и продолжил да ја удира.

Девојката заработила повреди на главата, а М.Т. си заработил кривична пријава за насилство, информираат од МВР.

најчитано сега