Ги убил жена му и сестра и пред децата - детали за хоророт во Аеродром

Средовечен маж ја застрелал својата сопруга, потоа ја убил нејзината сестра и на крај, самиот си пресудил. Како што велат соседите за Press24 на целиот хорор кој утрово се случувал во скопски Аеродром, сведочеле малите деца. Според нив, тие биле во станот на 5ти спрат во зградата со број 44 на булеварот Авоној и се слушало нивното плачење. 
Се уште не се открива идентитетот на човекот кој пукал. Полицијата се уште го држи местото под силно обезбедување. Почнува да се врши увид и пристигнуваат крим-техничарите. 
Од МВР се уште нема детални информации. Нив ги очекуваме по завршувањето на увидот.

Поврзани вести

ГАЛЕРИЈА: Двојно убиство и самоубиство во Аеродром - погледнете колку полиција има на местото

Врие полиција во скопски Аеродром: Двојно убиство и самоубиство

22.07.2014 - 12:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега