Фатени двајца рибокрадци во Преспанско езеро

Полициската станица Ресен поднесе кривични пријави против две лица за сторено дело "незаконит риболов". На 06.07.2014 година кај с.Стење во водите на Преспанското езеро, 52-годишниот Г.С. од Прилеп е затекнат  во чамец во кој имал четири рибарски мрежи. Истиот ден во 05:20 часот,  на плажата во с.Стење во водите на Преспанското езеро затекнат е М.Т. (62) од с.Стење со две рибарски мрежи и пет килограми риби.

22.07.2014 - 12:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега