Нови детали за хоророт во Аеродром: Убиената не му била жена на убиецот - децата не го познавале

Двете убиени жени не биле во роднинска врска со убиецот. Соседите во скопски Аеродром каде утрово се случи двојно убиство и самоубиство велат дека убиената жена воопшто не му била сопруга на убиецот. Тие не знаат дали и какви релации имало меѓу нив, но велат дека таа била разведена и немала сопруг. Според нив, децата кои сведочеле на убиството, на возраст од 7 и 10 години, воопшто не го познавале човекот кој ја убил нивната мајка и нејзината сестра. Сестрата пак, најверојатно била на гости, бидејќи таа воопшто не живеела во станот на петтиот спрат во зградата со број 44 во скопски Аеродром каде се случил хоророт.  
Според соседите, жената работела во продавница за кинеска роба во истата населба. За мажот велат дека го познаваат како поранешен боксер. Официјални информации се уште нема. МВР нив ги најавува на прес конференцијата која е закажана за во 13:30 часот.

Поврзани вести

ФОТО: Ова е автомобилот на човекот кој ја си ја уби жената и сестра и па се самоуби

Ги убил жена му и сестра и пред децата - детали за хоророт во Аеродром

ГАЛЕРИЈА: Двојно убиство и самоубиство во Аеродром - погледнете колку полиција има на местото

Врие полиција во скопски Аеродром: Двојно убиство и самоубиство

22.07.2014 - 13:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега