Утврден идентитетот на убиените во скопски Аеродром - им влегол во стан и ги застрелал

34 годишната Наташа и нејзината 31 годишна сестра Билјана утрово околу 11 часот се убиени во скпската населба Аеродром, потврди МВР. Според првичните информации кои ги соопшти полицијата, во нив пукал 36 годишниот Игор, со кој од поано се познавале.
Полицијата соопшти дека Игор утрово околу 11 часот дошол на вратата од станот на Наташа. Вратата ја отворила нејзината сестра. Игор веднаш и се заканил да не заминува. Влегол во станот и ја убил Наташа и нејзината сестра по што сам си пресудил. Пиштолот полицијата го пронашла покрај неговото тело. Според првичните информации, тој оружјето го поседувал со дозвола.
Полицијата се уште не ги знае мотивите за убиството.
Убиецот има досие во полициската евиденција. Во 2004 година бил пријавен за загрозување со опасно оружје при тепачка.

Поврзани вести

Утврден идентитетот на убиените во скопски Аеродром - им влегол во стан и ги застрелал

ФОТО: Ова е автомобилот на човекот кој ја си ја уби жената и сестра и па се самоуби

Ги убил жена му и сестра и пред децата - детали за хоророт во Аеродром

ГАЛЕРИЈА: Двојно убиство и самоубиство во Аеродром - погледнете колку полиција има на местото

Врие полиција во скопски Аеродром: Двојно убиство и самоубиство

22.07.2014 - 13:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега