Наместо на одмор во Грција заминале во смрт - ги убил пред врата во станот во Аеродром

Наместо на одмор во Грција, двете сестри во скпоски Аеродром заминаа во смрт. 36 годишниот Игор утрово дошол во станот на 34 годишната Наташа со која од порано се познавал. Вратата ја отворила нејзината сестра Билјана. Игор веднаш станал агресивен. Со пиштол во рацете и рекол да не се помрднува. Притрчала и Наташа која ги пакувала куферите, за семејниот одмор. Во станот биле и децата. Игор и Наташа почнале да се расправаат. Расправата траела кратко по што се слушнале истрели. Игор воопшто не влегол во станот. Се се случувало пред влезната врата. Ги убил двете сестри и се самоубил. Децата сведочеле на страшната слика. 
Игор пиштолот го поседувал со дозвола. Во 2004 година бил пријавен за загрозување со опасно оружје при тепачка. 
МВР се уште работи на случајот. Мотивите за убиството се уште не се утврдени.

 

Поврзани вести

Утврден идентитетот на убиените во скопски Аеродром - им влегол во стан и ги застрелал

Нови детали за хоророт во Аеродром: Убиената не му била жена на убиецот - децата не го познавале

ФОТО: Ова е автомобилот на човекот кој ја си ја уби жената и сестра и па се самоуби

Ги убил жена му и сестра и пред децата - детали за хоророт во Аеродром

ГАЛЕРИЈА: Двојно убиство и самоубиство во Аеродром - погледнете колку полиција има на местото

Врие полиција во скопски Аеродром: Двојно убиство и самоубиство

22.07.2014 - 13:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега