Страшно невреме во Битола: Гром повреди четворица и уби над 70 овци

Силно невреме доцна попладнево го зафати битолскиот регион, кое било кобно за семејство од битолското село Кишава, јави Алфа

Околу 17 часот додека двајца овчари ги напасувале овците кај месноста „Граешки ливади“ над село Граешница, гром удрил во стадото и убил над седумдесет овци, пет кози и две кучиња.

Од силниот удар,  овчарите и уште две деца биле повредени.

Наскоро се очекуваат повеќе детали за оваа несреќа.

 

 

22.07.2014 - 22:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега