Си го застрелал братучедот - крвава драма во гостиварско

Шеесет и пет годишниот жител на гостиварско Чегране, Џ.Р. бил застрелан во нога, откако кон него пукал неговиот роднина и сосед, 57-годишниот И.Р.

На пукањето му претходела бурна расправија на двајцата роднини околу градежни активности на просторот помеѓу нивните куќи. Кавгата, во еден момент излегла од контрола и кулминирала кога гостиварчанецот го ранил својот братучед.

На повредениот му е извршена хируршка интервенција и е пуштен на домашно лекување.

Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле комплетен увид, пронајден е пиштолот „Застава“ со непознат калибар од кој се претпоставува дека е пукано и даден е на вештачење.

 

23.07.2014 - 11:03
Фото: 
вечер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега