Го убил со цигла за 300 денари - детали за убиството на старецот во Велес

МВР го расчисти убисвото во велешката гимназија од минатата недела. Во полициска станица вчера бил приведен 48 годишниот Зоранчо Б. Според првичините информации тој веќе го признал делото пред полицијата. 90 годишниот Јован Цилаков го убил за сума од 300 денари.
Посочил дека го пресретнал во паркот во Велес го удрил по што паднал во тревникот. Вториот удар по главата најверојатно бил смртоносен. Во џебовите кај жртвата нашол 200 денари ги зел и побегнал.
Убиството се случи околу 17 часот минатиот четврток во дворот на велешката гимназија. Телото на Цилаков го пронајдоа случајни минувачи.

Истражните органи за provereno.mk посочуваат дека осомничениот не поминува во крим евиденцијата за претходно извршени кривични дела.

23.07.2014 - 11:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега