ВИДЕО: Конечно се оствари мојот сон- се отвори Родригез

Најдобриот стрелец на Мундијалот  Хамес Родригез вчера и официјално беше промовиран во нов играч на Реал Мадрид.

Овој 23-годишен Колумбиец потпиша шестгодишен договор со актуелниот европски првак, а според информациите Реал Мадрид на францускиот тим Монако ќе му плати 80 милиони евра на име на обештетување.

Родригез е второ големо засилување на „Кралевите“ во досегашниот преоден рок по ангажманот на Тони Крос од Баерн Минхен.

-Многу сум среќен што сум тука, мојот сон се исполни, изјави Родригез на промоцијата.

исто така фудбалерот додаде дека е благодарен за големата поддршка кои му ја дадаваат.

-Благодарам за големата поддршка. Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата и дека ќе освојам многу титули со Реал Мадрид.

23.07.2014 - 14:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега