Трет пораз на македонските ракометарки на Мундијалот

Репрезентацијата на Македонија го претрпе и третиот пораз на Светското првенство за ракометарки до 18 години кое се одржува во нашата земја.

Нашите млади ракометарки се совладани од Романија со 23:37 полувреме 7:12 во натпревар одигран попладнево во салата „Парк„ во Струмица каде се играат средбите од „Ц„ групата. Со овој пораз избраничките на селекторот Аце Станковски ги сведоа на теорија шансите за место во осминафиналето.

За пласман во следната рунда нашите млади ракометарки ќе треба да победат во преостанатите три средби од која првата е во петок против актуелниот светски шампион Данска. Репрезентацијата на Данска пак си ја заврши својата работа откако во првиот денешен дуел од 3.коло на оваа група ја декласира Аргентина со 39:18 обезбеди пласман во. следната рунда. Во последниот натпревар од оваа група вечерва играат Узбекистан и Германија. 

23.07.2014 - 20:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега