Ограбил црква за 200 денари

Крадците не запираат. Црквата „Св.Антонија“ во струшкото село Глобочица беше мета на засега непознат сторител кој украл 200 денари.

Тешката кражба во црквата е извршена во периодот од  20-ти до 23-ти јули, откако сторителот влегол откако го скршил прозорецот од источната страна, а потоа се упатил во внатрешноста на црквата каде извршил пребарување низ црковните простории, по што ги одзел парите и избегал.

24.07.2014 - 10:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега