Автомобилот и тргнал наназад и ја прегазил - несреќа во гостиварско

Страотна несреќа вчера се случила во гостиварско откако жена била прегазена од сопственото возило. Според податоците, се работи за С.Х. која заедно со својата снаа, 32-годишната Л.Х. од гостиварско Равен тргнале кон Гостивар со автомобил „Пежо 307“.

Снаата и свекрвата со автомобилот застанале пред вратата на нивниот сосед и излегле да поразговараат со него, кога во еден момент автомобилот почнал да се движи наназад, по што С.Х. тргнала во обид да го запре, но се удрила во отворената врата и паднала. Автомобилот кој продолжил да се движи ја прегазил во пределот на рамото.

Гостиварчанката со тешки повреди била пренесена во медицинскиот центар во Тетово каде и се констатирани фрактура на десното рамо и на десниот рачен зглоб.

24.07.2014 - 10:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега