Тетовчанец сакал да прошверцува 54 илјади швајцарски франци на „Александар Велики“

Царинските службеници на Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје спречија обид за нелегално внесување 54 илјади швајцарски франци.

Парите на аеродромот сакал да ги внесе Македонец од Тетово.

Патникот пристигнал вчера со лет од Швајцарија, поминал на зелен канал, кој бил селектиран за детална контрола, при што биле пронајдени 66 илјади швајцарски франци.

Лицето ќе си заработи соодветна кривична пријава.

Девизите се привремено одземени.

најчитано сега