Судот ќе ја намали суспензијата на Суарез

Судот за спортска арбитража во Лозана најверојатно ќе ја намали суспензијата на Луис Суарез.

Според информациите кои ги објави познатиот портал за фудбал „Goa.com“ ќе биде донесена одлука суспензијата на Суарез да важи само за репрезентацијата, но не и за Барселона, што значи дека постои можност Уругваецот да игра од почетокот на новата сезона.

ФИФА го суспендираше Суарез во јуни месец и тоа на девет меѓународни натпревари и четири месеци од било каква активност во фудбалот, бидејќи на мечот со Италија на СП во Бразил го кризна Џорџо Кјелини.

24.07.2014 - 13:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега