Државното земјоделско земјиште над 10 хектари ќе се дава под концесија преку електронска лицитација

Претседателот на Владата, Никола Груевски, денеска истакна дека државното земјоделско земјиште над 10 хектари во иднина ќе се дава под концесија преку јавна електронска лицитација. Со тоа, ќе се постигне повисока цена, а земјиштето ќе го добијат оние кои се подготвени да платат највисока концесија на државата.

- Остануваат оние што се под 10 хектари, а тоа е направено заради можноста на луѓето што живеат во селата да им се додели селскиот атар, бидејќи најчесто тие од тоа живеат, изјави премиерот Груевски.

Тој појасни дека се она што е над 10 хектари се смета за посериозен бизнис и затоа е проценето дека е потребно да има посериозна конкуренција и од тие причини се предвидува ова земјиште да биде понудено преку електронска јавна аукција.

- Со тоа ќе се постигнат вистински пазарни цени и веруваме дека ќе има и поголем приход во Буџетот на Република Македонија, како и поголема транспарентност при распределбата на државното земјоделско земјиште, нагласи Груевски. 

24.07.2014 - 13:43
Фото: 
MIA
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега