Вкусни ќофтиња од тиквици

Подгответе вкусни ќофтиња од тиквички...

Состојки:

  • 1 тиквичка
  • 1 јајце
  • 1 пециво
  • 5-6 лажици брашно
  • ½ лажиче ракија
  • Сол
  • Бибер
  • Магдонос
  • Сусам
  • Лен
  • Семе од коприва
  •  масло за пржење

Подготовка:
Се ренда тиквицата на крупната страна од рендето. Не се цеди од водата. Се додаваат јајцето, брашното, пецивото, ракијата и зачини по ваш избор.
Убаво се промешува смесата да се соедини.
Се става маслото да се загрее и со лажичка се ставаат крофнички да се пржат. Се пржат на тивок оган.
Кога ќе заруменат од 2 страни се редат на хартија да ја впие маснотијата.

24.07.2014 - 14:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега