Иванов ги прими акредитивните писма од новоименуваниот апостолски Нунциј

Претседателот Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот апостолски нунциј за Република Македонија, Н.Е. Архиепископ Анселмо Гвидо Пекорари.

-Како апостолски нунциј би сакал да ве уверам Ваша Екселенцијо во мојата целосна посветеност во поддршката и одржувањето на општото добро на оваа прекрасна нација, преку помагање на Католичката црква, но и на сите граѓански и верски заедници, истакнал Н.Е. Архиепископ Анселмо Гвидо Пекорари.

Претседателот Иванов му посака добредојде на новоименуваниот апостолски нунциј во Република Македонија и успешно извршување на одговорната должност, упатувајќи поздрави и до Неговата Светост, папата Франциск, со желби за неговата натамошна успешна работа, лична среќа и добро здравје.

-Историските врски меѓу двете земји навлегуваат длабоко во корените на глобалната духовност и универзалните христијански традиции, а важните личности и настани од заедничкото минато како што се светото дело на скопјанката Мајка Тереза и бесценетото наследство на светите апостоли Кирил и Методиј, претставуваат столбови на културниот образец на Европа, истакнал  Иванов, оценувајќи дека сè уште постои неискористен потенцијал и простор за дополнително продлабочување на соработката меѓу двете земји.

24.07.2014 - 15:34
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега