Ќе се спасиме ли од дождот викендов?

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во западните делови, а кон крајот на денот и во јужните делови од земјата, ќе има услови за нестабилност со појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен  ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 27 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде утре сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне е можна појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

Во сабота попладне и во недела преку денот ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во недела во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни и понекаде во вид на невреме со појава на град проследено со засилен ветер.

На почетокот на следната недела ќе се задржи попладневната локална нестабилност, но со помал интензитет.

24.07.2014 - 16:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега