ФОТО: Охрид доби најсовремен Центар за дијализа во регионот

Се реши повеќе децениски проблем во Охрид. Охриѓани кои патат од хронични бубрежни проблеми и редовно одат на дијализна терапија во иднина нема да мораат да патуваат до Струга за да добијат ваков лекарски третман, бидејќи во Охрид е отворен најсовремен Центар за дијализа.

Во Охрид веќе функционира Центарот за дијализа на приватната здравствена установа ,,Систина Нефроплус’’, која е концесионер  за центрите за дијализа во западниот и централниот регион на Република Македонија.

М-р д-р Гордана Ѓорѓиевска, директор на  ,,Систина Нефроплус’’во изјава за Курир вели дека Центарот има капацитет да прифати и третира 180 пациенти и истиот е дизајниран согласно европските и светски архитектонски стандарди.

 

-„Систина Нефроплус“, пред два дена, во Охрид го отвори најсовремениот центар за хемодијализа во земјава и пошироко во регионот. Центарот се простира на површина од 1500 метри квадратни, уреден и дизајниран согласно европските и светски архитектонски стандарди за уредување на дијализни центри. Во моментов центарот има капацитет да прифати и третира 180 пациенти. Условите овозможуваат комфорен и удобен третман. Пациентите за време на хемодијализниот третман имаат целосна приватност за која цел во склоп  на центарот се на располагање 7 ВИП апартмани, вели Ѓорѓиевска.

Таа додава дека изготвена е и специјална програма т.н “Холидеј Хемодијализа“, која е наменета за пациентите од надвор кои би сакале да престојуваат во Охрид, а кои воедно имаат потреба од хемодијализа.

-Она што особено сакам да го истакнам е дека центарот е опремен со апарати Cordiax 5008 Ѕ,на Fresenius Medical Care (Фрезениус Медикал Кер). Тие преставуваат последна генерација на најсовремена и најефикасна технологија во бубрежната хронична заместителна терапија-cardioprotetctiv hemodialisys,со можност за High Flux HD i HDF. Ова значи дека апаратите го штитат срцето и целиот васкуларен систем, кој за бубрежно болните пациенти преставува најчеста компликација и ризик фактор од хемодијализата, вели Ѓорѓиевска.  

 

24.07.2014 - 17:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега