Врие полиција и возила на Брза Помош, улицата блокирана - што се случува пред скопскиот Саем во моментов

Голем број полициски автомобили и возила на Брза Помош вечерва на улицата пред скопскиот Саем. Очевидци за Press24 велат дека улицата е затворена за сообраќај, а на местото има многу полициски службеници. 

Од МВР се уште нема инофмрација што се случува пред скопскиот Саем. 

ОБНОВЕНО:

Нема простор за паника. Пред скопскиот Саем во моментов се снима реклама за безбедност во сообраќајот а полицијата асистира. Информацијата пред малку за Press24 ја потврди МВР.
Вечерва вознемирени читатели се јавија во нашата редакција со информација дека улицата е блокирана и дека се гледаат голем број авотмобили, полициски возила и коли на Брза Помош. 

24.07.2014 - 22:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега