Дилер од Скопје падна во рацете на полицијата

30-годишниот дилер М.Д. од Скопје падна во рацете на полицијата. 

Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, по добиеното сознание дека скопјанецот од неговиот дом во скопски Мичурин подолг период продава марихуана, открила дека во текот на овој месец од засега непознато лице, за 8.000 денари набавил поголема количина на марихуана, која ја препакувал за улична продажба и по претходен телефонски договор ја продавал, најчесто од  дома или на претходно договорено место.

Инаку, М.Д. досега е двапати кривично пријавуван за –“одземање на моторно возило“ и “тешка кражба“, за што од надлежен  Суд му се изречени една мерка засилен надзор од родител и една условна казна затвор.

25.07.2014 - 12:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега