Дишат на апарати - лекарите се уште се борат за животите на повредените во вчерашната експлозија во Сопиште

Се уште е критична состојбата на повредените од вчерашната експлозија во фабриката за пиротехника во Сопиште. Тројца од повредените се борат за живот, а двајца од нив дишат на апарати.  

Дваесет и седумгодишниот Д.К. , Ж. А. (59) и З.С. (51) се здобиле со изгореници од четврт степен, нивното тело е изгорено 90 отсто.

Полесно повреден е 39- годишниот Г.Ј., кој се здобил со телесни повреди и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.  До несреќата дошло кога додека вработените изработувале калапирање на гази во еден момент дошло до искрење на некоја од газите по што настанала експлозија и пожар.  Истрагата е во тек, а со подетални информации за причините за несреќата се очекува да излезе јавното обвинителство. 

25.07.2014 - 12:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега