Татко пукаше во сопствениот син

Полицијата го уапси И.С. (1965) од Ниш поради сомневање дека пукал во својот син. Тој вчера во 18:10 часот во семејната куќа со еден истрел од огнено оружје го погодил својот син Н.С. (1996) во пределот на стомакот.
Повредениот е пренесен во ургентниот центар во Ниш каде му е укажана лекарска помош и е задржан на натамошно лекување.
Според наодите на полицијата, момчето е оперирано и е во стабилна здравствена состојба.
Осомничениот е во 48 - часовен притвор по што ќе биде изведен пред обвинителството во Ниш.
 
 
25.07.2014 - 12:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега