Повредените од Сопиште се уште во критична состојба - имаат изгореници од 3 и 4 степен

Тројцата тешко повредени работници од синоќешната експлозија во Сопиште која ја потресе Македонија, се уште се наоѓаат во критична состојба.

Како што денеска соопштува министерот за здравство, Никола Тодоров,  двајцата пациенти примени во ГОБ „Наум Охридски“ имаат изгореници од 3 степен на поголема површина од телото и дишните патишта и се приклучени на апарати, додека пациентката која е хоспитализирана на КАРИЛ има изгореници од 4 степен.

Сите пациенти се под постојан мониторинг и се прават напори за одржување во функција на нивните витални органи.

25.07.2014 - 13:01
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега