ВИДЕО: Милан прегазен од Олимпијакос со 3:0

Новиот тренер на Милан, Филипо Инзаги стартуваше со убедлив пораз од грчкиот шампион Олимпијакос во рамките на Интернационалниот Куп на шампионите.

Грчките фудбалери беа подобар противник во текот на целиот меч, а за тоа говори и самиот резултат. Првиот гол го постигна Аргентинецот Алехандро Домингез во 16-та минута. Вториот гол беше дело на Димитрис Диамантакос на почетокот од второто полувреме, додека убедливиот триумф го заокружи Андреас Буцалакис со прекрасен погодок од 30 метри. 

Покрај овие две екипи во групата Б се уште и Ливерпул и Манчестер Сити. Во групата А се екипите на Интер, Рома, Манчестер Јунајтед и европскиот шампион Реал Мадрид. 

25.07.2014 - 13:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега