Нови вработувања - италијанска компанија ќе инвестира 10 милиони евра во Бунарџик

Премиерот Никола Груевски на својот Фејсбук профил објави дека доаѓа нова инвестиција во Македонија. Се работи за италијанската мултинационална компанија „Монтанте груп“ која есенва ќе започне градба на фабрика во ТИРЗ Скопје 1 за производство на амортизери за возови, шински возила, автобуси и тешки возила, вредна околу 10 милиони евра, Како што денеска на прес-конференција истакнаа сопственикот на Монтанте груп Антоанело Монтанте и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо, во објектот ќе се вработат 100 лица.

Компанијата веќе е во фаза на склучување на договори за две локации во ТИРЗ Скопје 1 на кои првично ќе се изгради еден објект, а во подоцнежната фаза, како што рече сопственикот Монтанте, се планира тројно па и четирократно зголемување на капацитетите.

- Не е тајна дека пред да дојдеме во Македонија бевме и во соседните држави, но Македонија ни понуди најдобри услови за инвестирање и затоа токму тука се одлучивме да ја отвориме нашата фабрика. Не станува збор за дислоцирање на постојна фабрика, туку во Македонија ќе градиме целосно нов капацитет, рече Монтанте.

Inaku, Монтанте груп е мултинационална италијанска компанија со 2.300 вработени и годишен обрт од 800 милиони евра. Нејзиното седиште е во близина на Торино, Италија, а можностите за инвестирање во Македонија биле запознати на минатогодишното владино роуд-шоу во Италија.

25.07.2014 - 14:19
Фото: 
kanal5
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега