ФОТО: Железничка несреќа во Лозово - малолетник заврши во болница

Во Лозово вчера се случила железничка несреќа, кога воз удрил во автомобил. Како што пишува Утрински, околу 17 часот возот кој сообраќал на релацијата од Велес за Штип удрил во возило марка голф, со штипски регистарски таблички, на обезбеден патен премин во населбата, при што едно од лицата кои биле во автомобилот со повреди било веднаш пренесено во болница.

- Возот долго свиреше, што ме зачуди па почна да кочи. Видов низ прозорот кога го удри автомобилот марка голф со сина боја. Среќна околност е што возот не возеше брзо, оти тука беше железничка постојка и сопираше, за патниците. Од колата излегоа две лица, разбравме биле татко и син. Детето беше повредено и го однесоа веднаш во болница - вели патник од возот за Утрински.

Повредениот патник има 15 години. Тој бил третиран и минал само со неколку полесни повреди нагмечувања и посекотини, па по барање на родителот бил пуштен на домашно лекување.

26.07.2014 - 10:57
Фото: 
утрински
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа