Рибери се враќа на теренот

Францускиот интернационалец Френк Рибери по двомесечната пауза поради повреда се очекува денеска да се врати на фудбалскиот терен. 

Пеп Гвардиола тренерот на Баерн Минхен, за германските медиуми изјави дека Рибери веќе одреден период добро работи и сигурно се опоравува, па најверојатно веќе денеска ќе го одигра својот прв натпревар по повредата.

- Рибери тренираше добро оваа седмица. Мислам дека ќе може да одигра неколку минути во Хамбург, изјави Гвардиола.

Во рамките на „Телеком купот„ кој ќе се игра во Хамбург, Баерн денеска ќе игра против Борусија Менхенгладбах, додека во вториот меч на овој подготвителен традиционален турнир ќе играат домаќинот Хамбургер и Волфсбург.

Францускиот репрезентативец Рибери поради повредата на грбот го пропушти Светското првенство во Бразил. 

26.07.2014 - 11:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега