Трагедија во Охрид: Се качил на бандера, паднал и починал

Уште една трагедија ја потресе Македонија. Во текот на вчерашниот ден 56-годишниот Благоја Л. од Требеништа, охридско, се качил на бандера за да ја замени прегорената улична светилка, но се лизнал и паднал на земја.

Според податоците од полицијата, Брзата помош веднаш пристигнала на местото на настанот и охриѓанецот веднаш бил пренесен во болницата Св.Еразмо, каде за жал докторите не можеле да направат ништо освен да констатираат смрт.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

26.07.2014 - 12:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега