Познати фудбалери се закараа на Твитер - еве зошто

Поранешните соиграчи во клубот на Квинс Парк Ренџерс Џо Бартон и Јуси Бенајун се расправаа на Твитер околу ситуацијата во Газа.

„Тоа е Израел, а доколку беше друг, западниот свет ќе се вмешаше. Ова е дволично“, напиша Англичанецот Бартон.

„Пријателе, ти си тој, си бил и ќе бидеш глупав. Смешно“, му одговори Израелецот Бенајун.

Бартон кој е претпознатил по својот темперамент не остана имун на навредата од страна на бившиот колега.

“Како прво не можеш на некој да му кажеш дека е глупав со таква лоша граматика. Како второ, вие немате право да убивате невини деца. Како трето не можете да бркате луѓе од својот имот затоа што некоја книга од пред илјада години ви кажува така“, возврати Бартон.

“ Јас немам проблем со луѓе што веруваат во религија и се религиозни. Но, имам проблем со луѓе што убиваат во име на религијата", беше неговиот завршен коментар.

 

26.07.2014 - 12:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега