Ги оставил коњите и почнал да бега - спречено криумчарење на лекови и текстил кај Долно Блаце

Во близина на местото Плажа, Долно Блаце, вчера околу 20 часот вршејќи патролна служба, припадници на граничната полиција забележале едно лице со натоварени два коња со криумчарена стока како се движи во правец од Република Македонија кон Република Косово.

При обид на полициските службеници да го запрат, лицето ги оставило коњите и почнало да бега во правец на Косово.

Се работи за разновиден текстил и медикаменти од кои палта, панталони, кошули, вратоврски, потоа ампули кетонал, хигиа шампон, аминофилин ретард, трамадол, ефедрин капки за нос, синтром антикоагулант, ацикловир маст, флажил, халдол таблети, далерон, нутрикомп течност, како и еден апарат за сечење стакло за диоптрија и сталажи за изложување на накит.

 

26.07.2014 - 14:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа