Хуан Мата: ван Гал ни забрани да зборуваме шпански

Фудбалерот на „Манчестер јунајтед“ Шпанецот Хуан Мата денеска изјави оти новиот тренер Луј Ван Гал им наредил да комуницираат само на англиски јазик додека се на теренот.

- Тренерот ни кажа дека мораме да зборуваме само на англиски јазик, изјави Мата, додавајќи дека им е забранета комуникацијата на шпански јазик.

Мата премина во „Манчестер јунајтед“ од „Челзи“ во јануари годинава за 37,1 милиони фунти и досега за екипата од Олд Трафорд играше 16 натпревари и постигна шест голови. 

 

26.07.2014 - 15:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега