Марихуана, кокаин, екстази - еве што се криел во својот дом постар Охриѓанец

59-годишниот охриѓанец К.М. си заработи кривична пријава за продавање и производство на дрога.

Во текот на вчерашниот извршен во домот на К.М. каде полициските службеници пронајдоа 527 таблети екстази, кокаин,смеса додаток за мешање со кокаин, марихуана, потоа 1.450 евра во различни апоени, фалсификувана возачка дозвола, дигитална вага и мелница за кафе со траги од кокаин како и други предмети.

Од вкупниот број таблети, 216 парчиња, според направеното вештачење се метиолендиокси-метамфетамин (МДМА) што како психотропна супстанца и стимуланс на централниот нервен систем е на листа на забранети дроги и психотропни супстанци, а биле пронајдени сокриени во кујната. Останатиот дел од таблети во елипсовидна форма со втиснато лого „Плејбој“, забележани се во останатите простории од семејната куќа. Кокаинот е пронајден во отвор за чистење на оџак.

Пријавениот К.М. е лице познат на службата и против него, по неколку основи и досега биле поднесувани кривични пријави.

27.07.2014 - 12:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега