Семејна веселба заврши крваво - еве што се случило во Куманово

На улицата „Сенто Станковски“ во Куманово, вчера за врема на семејна веселба, засега непознато лице кое било на веселбата со огнено оружје испукало неколку куршуми при што биле повредени 46-годишната Х.М. и Р.А.

Според податоците од полицијата, Х.М.била итно пренесена во Ургентниот центар во Скопје.

За настанот полицијата го привела 19-годишниот Д.А. од Косово и против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

27.07.2014 - 12:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега