Собранието ги усвои измените на законите за јавната и државната администрација

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 62. седница ги донесе измените на Законот за државни службеници и на Законот за јавни службеници.

Во расправата, пратеникот Ивон Величковски од Либералната партија рече дека со измените се уништува концептот на ефикасна јавна и државна администрација и оти власта сака да овозможи партиска мобилност во администрацијата.

 

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски појасни дека концептот на преземање на јавни и државни службеници се заснова на јасно утврдени критериуми и оти со оваа постапка нема да се зголеми бројот на вработени во администрацијата.

 

Павле Саздов од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека со измените се создава механизам со кој на вработените во јавната и државната администрација им се дава можност да ја продолжат својата кариера онаму кадешто има потреба.

 

- Со оваа мерка превенираме да не се зголемува администрацијата во Македонија, нагласи Саздов.  

Собранието ги донесе и измените на Кривичниот законик, Законот за прекинување на важноста на адвокатските маркички, Закон за финансиска инспекција во јавниот сектор, измените на Законот за акцизи, како и Законот за филмска дејност.

ФОТО: Економски

најчитано сега