Додека бил на печалба крадци му украле 25.000 евра

Шеесет и девет годишниот А.Б. од с.Митрашинци, Берово, а на привремена работа во Р.Австрија, на 25.07.2014 година пријавил дека во периодот од ноември минатата година до денот на пријавување, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба во неговата куќа во с.Митрашинци, при што му биле одземени 25.000 евра, 15.000 денари и други разновидни предмети. Сторителот насилно ја отворил вратата на источната страна на куќата, влегол внатре и ги пребарал собите, а откако ги одзел парите и предметите, заминал во непознат правец. Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.

27.07.2014 - 12:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега