Грција назначи нов селектор на фудбалската репрезентација

Нов селектор на грчката фудбалска репрезентација е италијанскиот стручњак Клаудио Раниери.

Фудбалската федерација на Грција соопшти дека со Раниери потпишале двегодишен договор, а хонорарот на Италијанецот изнесува 800.000 евра годишно.

- Ги познавам грчките фудбалери. Го следев нивниот настап на Мундијалот во Бразил и можам да кажам дека константно напредуваа’, изјавил Раниери при неговата промоција на селекторското место на Грција.

Тој на клупата на Грција доаѓа како замена за Португалецот Фернандо Сантош кој ја одведе селекцијата во осминафиналето на СП.

Грција во претстојниот квалификационен циклус за Европското првенство 2016 година ќе игра во група со селекциите на Унгарија, Романија, Финска, Северна Ирска и Фарските острови.

27.07.2014 - 15:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега