Крвав понеделник во Македонија: Уште еден живот згасна во страотна сообраќајка

Уште една страотна сообраќајка ја потресе Македонија. На патниот правец Дебар-Маврово, во близина на месноста Бошков Мост, во сообраќајна несреќа загина возач на комби возило. Несреќата се случила во 6 часот и 45 минути кога од непознати причини комби возилото сопственост на „Хисар туризам“ изгубило контрола, удрило на заштитната метална ограда на мостот и паднало во реката Радика.

Во возилото бил само 62-годишниот Садик Франгу од селото Баланци, општина Центар Жупа, кој починал на самото место. Требало да стигне во Гостивар за да земе печалбари кои доаѓаат во родниот крај.

 

28.07.2014 - 11:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега